16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Изненадувањето на ДУИ е модернизација на партијата, а не заеднички кандидат...

Заев: Изненадувањето на ДУИ е модернизација на партијата, а не заеднички кандидат за градоначалник на Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Станува збор за модернизација на партијата, а истовремено е во духот на тоа што го работиме како Влада, е коментарот на премиерот Заев во однос на прашањето дали веста што утре ДУИ ќе ѝ ја соопшти на јавноста е поврзана со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Заев негираше дека со коалицискиот партнер Али Ахмети разговарале на оваа тема.

<

„Воопшто не е разговарано за таква работа, за заеднички кандидат или за некакви компензации. Се работи за политичка платформа, перспективи, иднина итн.“,изјави Заев.

Заев додаде дека деталите околу модернизацијата на партијата ќе ги соопшти утре ДУИ.

„Како што ги презентиравме, нашите промени како најголем партнер во нашата коалиција што се правеа со електронската евиденција, непосредното гласање, еднаквата застапеност на жените и мажите и поголема застапеност на младите во партијата, така и од ДУИ ме информираа за оваа квалитативна и убава промена. Се надевам дека ќе постигнат нови успеси, заради тоа што навистина е еден модернистички пристап што ќе очекуваме утре сите да го слушнеме“,дополни Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...