27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЈанушев: Единствено зелено кај ДУИ и СДСМ е бојата на еврата

Јанушев: Единствено зелено кај ДУИ и СДСМ е бојата на еврата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот вели дека после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика и тие две работи не одат во иста реченица.

<

Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ, е зелената боја на еврата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вИгор Јанушев во однос на ребрендирањето на владејачката партија ДУИ, на чело со Али Ахмети кој денеска истакна дека во фокусот на неговата партија ќе биде зелената агенда и заштитата на животната средина.

Тој во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека тоа што денеска го најави Ахмети во овој период е всушност дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата.

– Тоа е најдобриот пример како да се долови поентата кога некој најавува нешто такво, што е добар дефокус за јавноста кога излегува со една таква тема. Она што го видовме во последните неколку години, покрај интересот за еврата, парите, криминалот и корупцијата, единствено зелено предводено од оваа Влада се лагите кои што ги пласираа на оваа тема, во однос на заштитата на животната средина и екологијата – рече Јанушев.

Тој додаде дека после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика, и тие две работи не одат во иста реченица.

плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...