23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаУште една лага: Не е изграден ветениот аква парк во Вевчани..

Уште една лага: Не е изграден ветениот аква парк во Вевчани..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вистиномер“ го анализираше ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски – „Изградба на отворен базен и аква парк“ и дојде до заклучок дека ова ветување е неисполнето.

<

Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“:

Ветување: Изградба на отворен базен, аква-парк во Вевчани.

Изградба на отворен базен, аква-парк со цел збогатување на туристичката понуда на Вевчани.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, за „Изградба на отворен базен и аква парк“, наведено како капитален проект во неговата изборна програма, „Живот во Вевчани за сите!“ (стр.17) со која излезе на локалните избори во 2017 година, е неисполнето.

За време на изборната кампања ова ветување беше објавено и на социјалните мрежи, на Фејсбук страницата на СДСМ Вевчани (4 октомври 2017).

Изградба на отворен базен, аква-парк за граѓаните на Вевчани. Со тоа ќе ја збогатиме и туристичката понуда на Општина Вевчани! Живот во Вевчани, за сите!, ветуваше тогаш СДСМ.

За базенот беше предвидена и локација во близина на обиколницата, а според изјавата на градоначалникот Јанкоски, тој требаше да се гради со јавно приватно партнерство. (ТВ Дуел О2 Телевизија 12 октомври 2017)

На 6 јули 2020 година СДСМ Вевчани повторно ја најави реализацијата на проектот, но овојпат во кампањата за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули минатата година.

ОТВОРЕН БАЗЕН ВО ВЕВЧАНИ!

Долгоочекуваниот проект ќе стане реалност за вевчанци.Градиме по план и тоа го докажавме. Градиме за сите генерации да имаат просперитет и напредок. Градиме за младите да ни останат тука, во Вевчани. Европско Вевчани е нашата реалност, ветуваше СДСМ Вевчани лани пред парламентарните избори.

Но, и покрај бројните ветувања, досега (3.8.2021) во Вевчани не е изграден отворен базен – аква парк.!!!
Вистинометар

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...