27.9 C
Ohrid
сабота, јули 13, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Џабе Заев ви ветува 300 евра, да може и воздухот ќе...

Мицкоски: Џабе Заев ви ветува 300 евра, да може и воздухот ќе ви го наплати што дишете !!

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра, најави претседателот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев соопштувајќи ја веста на предизборните митинзи.

– Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто, рече Заев.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, реагира, дека инфлацијата расте, цените на производите се покачуваат драстично и тоа, како што рече, ги јаде семејните буџети.

„Да можат би им го наплаќале и воздухот на граѓаните. Реалноста е лоша, стандардот драстично опаѓа, а гувернерката на НБРМ потврдува дека инфлација има и дека ќе се зголемува. Но тоа најдобро се чувствува кога ќе отидете во продавница. Повисоки цени кои го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден, покачени цени на масло за јадење, млеко, брашно, a оваа недела повторно, по кој знае кој пат се покачи и цената на бензинот. Се најавува сигурно покачување на цената на струјата, првин за стопанството, а потоа и за граѓаните“, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Медицинска сестра малтретирала бебе?!!- Таравари вели одговорност ќе има!

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со претепаното тримесечно бебе на Клиниката за детски болести,...

64. Издание на Охридско лето започна синоќа со настап на виолионистот Џулијан Рахлин

64. Издание на Охридско лето започна синоќа со настап на виолионистот Џулијан Рахлин и уметниците од оркестарот на Македонската филхармонија. Охрид периодов е културен центар...

Две малолетни момчиња и две девојчиња на возраст од 14-17 години, пронајдени во куќа во Скопје во безсознание и со повреди на телата

Две малолетни момчиња и две девојчиња на возраст од 14-17 години, попладнево се пронајдени во куќа во Скопје во безсознание и со повреди на...

Врие од полиција во скопски Центар по вознемирувачките снимки објавени во јавност

Врие од полиција во скопски Центар, откако вчера во јавноста беа пуштени вознемирувачки снимки од деца кои вандализираат парк во Капиштец. Снимките ги анализираат...