16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМакпетрол“ ни го тестираше мазутот во тегли за туршија-велат од „Супертрејд“

Макпетрол“ ни го тестираше мазутот во тегли за туршија-велат од „Супертрејд“

Изминатите неколку дена, „Супертрејд“ во јавноста беше врамувана во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нашата компанија. Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен премин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи.

Во прилог ви испраќаме фотографи – 1, 2, 3, 4 се фотографии од земени мостри на мазутот од нашите цистерни кои ги анализираше „Макпетрол“, 5, 6, 7, 8 се фотографии од земени мостри од страна на СГС, најдобрата светска лабораторија која ја ангажираше „Супертрејд“ да изврши анализа на мазутот што требаше да се увезе.

„Макпетрол“ треба да знае зад што става потпис ако гарантира за веродостојноста на тоа што го вади како резултат од анализите направени во нивата лабораторија. „Супертрејд“ не функционира со импровизации, апсолутно е спорен резултатот од анализите ако лабораторијата не знае што всушност е предмет на анализа.

За појаснување во јавноста,

Со извештајот кој беше испорачан од страна на Макпетрол, не се согласуваме, затоа што сметаме дека се направени низа пропусти во начинот на земање на мостри од цистерните. Мазутот се транспортира на 90 степени и доколку примероците не се земаат според протокол, се доведува во прашање точноста на резултатите, бидејќи мазутот може да кондензира и анализата да покаже дека има поголемо количество вода. Конкретно за петте цистерни, целиот начин и постапка, на земање мостри од мазутот, беше надвор од сите правила и прописи. Наместо мострите од цистерните да ги земаат стручни лица, обучени за тоа, сертифицирани за земање мостри, примероци се земаа на несоодветен начин за анализа на Макпетрол во нивната лабораторија. Дополнително спорно е што примероците од мазутот не беа ставени во специјални садови, кои се запечатуваат херметички за мазутот да не биде изложен на надворешни влијанија и да кондензира, туку примероци беа ставени во стаклени тегли за зимница.

Анализите се правени во лабораторија на Макпетрол, бидејќи нашата земја нема државна лабораторија за анализа на мазут. Па така, Макпетрол освен што се анализираат самите себе, односно производите што сами ги увезуваат, исто така прават анализи и на конкурентските фирми.

Анализата на Макпетрол од мострите кои беа несоодветно земени, покажаа присуство на 4,6 % вода во мазутот, што го отфрливме како невистинито. Од таа причина „Супертрејд“ ја ангажираше најдобрата светска лабораторија СГС (https://www.sgs.com/en/office-directory), за да го испита квалитетот на мазутот во истите цистерни. Мострите кои ги земаа сертифицирани лица и истите беа предадени на анализа, резуплтатот покажа дека мазутот во цистерните ги задоволува станрадите и присуството на вода е 0,20 % а во нашата земја е дозволено 1 %.

(Во прилог на ова соопштение ви ја доставуваме и анализата што ја изврши СГС).

Минатата среда „Супертрејд“ најави повторен увоз и побара вонцаринска анализа на мазутот, како и секогаш нашите аналзи ги вршеше СГС, од истите мостри анализа направија и државните институции. Резултатите покажуваат дека мазутот ги исполнува стандардите за квалитет во земјава, очекувама Царината да ги пушти цистерните и да го дозволи увозот.

Фотографии од земени мостри на мазут што ги анализираше Макпетрол во нивната лабораторија…

за повеќе детали тука…

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...