14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија 20-годишна девојка загина во сообраќајка

20-годишна девојка загина во сообраќајка

Translate (Eng):[gtranslate]

Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа откако со автомобил излетала од патот.

Според информациите на МВР, несреќата се случила утринава околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“.

С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско, со „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот.

РЕКЛАМА

Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.

- Реклами -