12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик

Почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик

spot_imgspot_img

По кратко боледување вчера почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје и директор на оваа научна установа во периодот од 2002 до 2006 година.

Веновска-Антевска е родена на 2 јули 1959 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје беше вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на Одделението за современ јазик, каде што по докторирањето во 2001 година доби научно звање.

Беше дел од авторскиот тим на два капитални проекта на Институтот – Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, проект што ја доби наградата „13 Ноември“, и Толковниот речник на македонскиот јазик, проект – добитник на наградата „Гоце Делчев“.

Во својата плодна научна работа, д-р Снежана Веновска-Антевска беше раководител или соработник на повеќе национални и меѓународни научни проекти и има објавено повеќе од дваесет монографски трудови, самостојно или во коавторство, и над 200 научни прилози, во домашни и во странски списанија.

Беше дел од образовниот процес на Институтот за македонски јазик, на вториот и третиот циклус студии, каде што е ментор на повеќе од 10 магистерски трудови и еден докторски труд, а беше ангажирана и како професор на додипломски студии на Универзитетот ФОН, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ.

Д-р Снежана Веновска-Антевска беше член на Советот за македонски јазик при Владата на РМ, член на Комисијата за полагање лекторски испит, претседател или член на повеќе редакциски одбори и тела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, но и во други одбори и тела на државно или на меѓународно ниво. Таа беше еден од главните организатори на 14. Меѓународен славистички конгрес што се одржа во Охрид, во 2008 година.

– Ако големината на човечкиот век се мери со делата што ги остава зад себе, тогаш д-р Снежана Веновска-Антевска остави трајни и неизбришливи траги не само во науката за македонскиот јазик, туку и во срцата на сите оние што имале чест да бидат нејзини соработници, соопшти Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Посмртните останки за оддавање последна почит на д-р Снежана Веновска-Антевска ќе бидат изложени денеска од 13 до 13.30 часот во црквата во Драчево, а погребот ќе биде извршен во 14 часот на гробиштата во Драчево.

Институтот за македонски јазик утре (25 ноември 2020) во 11 часот ќе одржи комеморација.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...