14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ние го решивме децинискиот проблем со загаденоста во Скопје, и сами...

Заев: Ние го решивме децинискиот проблем со загаденоста во Скопје, и сами гледата дека никој не се пожали на загаден воздух оваа зима !!

„Цела деценија, над 10 години Скопје беше меѓу најзагадените градови. Денес загаденоста на воздухот е драматично опадната, гледате и самите дека загадувањето речиси и да не беше тема оваа есен и оваа зима. Секогаш кога ќе се преземат мерки има резултати. Тоа секако не е доволно, и Градот, институциите ќе продолжат во оваа насока“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“, која се одржа во Скопје.

„Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух“ потенцираше Заев.

Тој најави дека државата стои зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, кој е капитален проект за градот, а најави и уште неколку проекти и планови за подобрување на градот.

„Преку Интервентниот план на инвестиции финансираме изградбата на пречистителна станица за отпадни води тука во Скопје, инвестиција од 136 милиони евра. 120 милиони денари или два милиони евра одвивме за реконструкција на Универзална сала, култниот објект за Скопје за скопјани но и за сите граѓани на нашата држава. Од централниот буџет ја финансираме и изградбата на нов мост и клучка во Момин поток во вредност од шест милиони евра“ кажа Заев.

Како што напомена премиерот, овие проекти чинат 150 милиони евра, а значат подобрување на животот на скопјани, решавање на дел од нивните потреби.

„Замислете само колку вакви проекти ќе се реализираа ако не се фрлеа над 600 милиони евра за фасади, за споменици, за палми, галии и лажен барок колку што потроши режимот на само два квадратни километри. И истите тие, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска зборуваат за Скопје? 11 години ги малтретираа скопјани, го менуваа ликот на зградите, ликот на градот без никави најави и консултации. Ете ги сега истите пак ги малтретираат скопјани и луѓето кои работат овде преку неразумни блокади на сообраќајници. Зошто? За да ги исполнуваат хировите на Мицкоски да му го држат стравот од успехот на државата“ кажа Заев.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...