14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија Четвртата трансплантација на срце е успешно завршена, а примател е 51-годишен пациент

Четвртата трансплантација на срце е успешно завршена, а примател е 51-годишен пациент

Translate (Eng):[gtranslate]

Трансплантацијата на срце успешно се заврши, примател е 51-годишен пациент кој немаше други алтернативи, не беше кандидат да прими механичко срце, имаше срцева слабост која значајно го отежнуваше неговото нормално функционирање. Освен актот на трансплантација немаше друга алтернатива. Пациентот со срцето е на интензивна нега, пред него се неколку денови на борба во смисла на тоа што овие први часови и часови се критични со можни компликации, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче откако во текот на ноќта и од утрово успешно завршија трансплантациите на срце и бубрези од 44-годишна пациентка кај која била дијагностицирана мозочна смрт.

– Ова е четврта трансплантација, мислам дека целиот процес добро се одвива. Сѐ посвесни се семејствата за тоа какво добро дело прават кога ќе се согласат да се донираат органите од пациенти на кои за жал им нема спас. Верувам дека ова е најдобар знак и показател како да се одвива целокупната работа. Изразувам благодарност до сите лекарски тимови кои беа вклучени и честитки за успешната работа, изјави Филипче.

Националната координаторка за трансплантација, Маја Мојсова-Мијовска смета дека заедно со медиумите е направен импакт кај граѓаните во однос на свесноста за тоа што значи мозочна смрт и органодарителство и посочува дека здравствениот систем е на добар пат да биде забележан од Европа.

РЕКЛАМА

– Оваа година која беше тешка за здравствениот систем успеавме да направиме 5 трансплантации од починат донор од кои 4 срца и 10 бубрега, делови од коскено ткиво и во суштина сме на добар пат да бидеме забележани од Европа во однос на и бројката и квалитетот на трансплантациите. Генерално еден здравствен систем се цени по нивото на трансплантација и нивото на здравствениот систем во суштина е препознаен по трансплатација кои се одвиваат затоа што тоа во суштина е највисок дел од здравствениот систем. Но, да кажеме дека без семејствата кои се одлучуваат да даруваат не би можеле сето ова да го направиме, им благодариме од сè срце на тие семејства. Сакаме да изразиме сочувство, но сакаме да знаат дека направиле големо дело, дел од нивните блиски сè уште живее во други пациенти, вели Мојсова-Мијовска.

- Реклами -