14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОтец Пимен до Груевски: Роденден преку Фејзбук не се честита, дојди заедно...

Отец Пимен до Груевски: Роденден преку Фејзбук не се честита, дојди заедно да си го прославиме !!

Денес, по подолго време, на социјалните мрежи се обрати поранешниот Премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски:

„Во предвечерието на 31-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, како нејзин поранешен долгогодишен водач низ мноштво победи и успеси, на сите членови на партијата им го честитам партискиот роденден..

ВМРО-ДПМНЕ низ годините, од нејзиното основање беше носител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија.

181.000 членови колку што броеше партијата при моето заминување од кормилото на истата беа носители на тие промени и напредоци, без чија поддршка тие немаше да се случат.

Силата на ВМРО-ДПМНЕ е всушност нејзиното членство кое заедно со симпатизерите и поддржувачите на нејзините политики и со помош на коалициските партнери

во изминатите 31 година беа носителите на идејата за независност, носители на промените, реформите, успесите и напредокот на Македонија, но и силата која беше на браникот на одбраната на Македонија низ многу тешки моменти.

Денес кога Македонија е под реж имот на една ма фијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ.

А силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија!„, напиша поранешниот премиер Никола Грруевски, кој сега е во егзил во Будимпешта.

На овој негов статус, интересен коментар остави Владиката Европски, Пимен. Тој на Никола Груевски му напиша:

„Честитки, па повели на торта“.

Многу поддржувачи на Никола Груевски, не се согласија со овој коментар на Владиката Пимен, па му напишаа: На туѓа слава каниш Дедо!

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...