13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев до Грците: Нема потреба да ни се лутите за ФФМ, сите...

Заев до Грците: Нема потреба да ни се лутите за ФФМ, сите знаат дека нашите фудбалери играат за Северна Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во писмена изјава за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ и за нивната националана телевизија ЕРТ вети дека ќе го реши проблемот со македонскиот дрес кој е спорен за Грција.

<

На Грција не ѝ се допаднаа македонските дресови, тие реагираа до УЕФА и до нашето МНР за кратенката ФФМ. Сметаат дека на дресовите не смее да стои ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) бидејќи според преспанскиот договор името на замјата е Северна Македонија.

Иако министерот за надворешн работи, Бујар Османи им одговори на Грците дека ФФМ нема обврска да го менува името, премиерот Зоран Заев денеска им вети дека ќе го реши и овој проблем како што бараат тие.

„Цела Европа знае дека нашиот национален тим ја претставува Северна Македонија на првенството“, вели Заев во писмената изјава.

„Дури иако Федерацијата не е јавен субјект, националниот тим е, како што е случај и во сите земји во светот. Така е, и тоа мора да биде јасно на сите нивоа и на секој дека тоа е репрезентација на Северна Македонија, без оглед на иницијалите на Фудбалската федерација на дресот“.

„Ние веќе го покренавме ова прашање со федерациијата и тоа треба да се реши во блиска иднина врз основа на договорот од Преспа и правилата и традициите на УЕФА“.

„Имплементацијата на договорот од Преспа е работа која е во тек и нашата цел е постепено со нашитие соседи да наоѓаме решенија со кои ќе се спроведува договорот и кои ќе нè туркаат напред, врз основа на соработка и меѓусебна почит“.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...