16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаФорд Мондео излетал од патот Штип -Радовиш - има тешко повредени

Форд Мондео излетал од патот Штип -Радовиш – има тешко повредени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Три лица се тешко повредени, а двајца полесно по излетување на автомобил „форд мондео“ од коловозот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Несреќата се случила вчера доцна попладнето информираат од СВР-Штип.

<

Во соопштението се наведува дека  патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 40 – годишниот С.А. од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот.

По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница – Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците на возраст од 19 години со исти иницијали С.А. и двајцата од Кочани им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Инаку синоќа спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот, изречени се 18 мерки на возачи, кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 останати прекршоци.

Надлежните од СВР-Штип велат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбдноста во сообраќајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...