30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ ќе бара да им се рефундираат средствата на граѓаните кои одат...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да им се рефундираат средствата на граѓаните кои одат во странство да се вакцинираат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На новинарско прашање за состојбата со вакцинацијата во Македонија во услови кога 15.000 македонски граѓани само викендот се вакцинираат во Србија, а вакциналните пунктови во државата се затворени, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека тоа е катастрофа и трагедија.

<

– Осиромашени и понижени македонски граѓани мораат да одат да се вакцинираат во Србија и Бугарија, додека Венко Филипче води евтин личен маркетинг, преку играње на мал фудбал, што ја покажува забеганоста негова и на владата во која што тој е дел. Во услови кога луѓе умираат вие да плаќате Пи Ар агенции која ќе ви организира играње на мал фудбал „случајно“ во Битола, покажува на кое ниво е забеганоста, рече Николовски, за време на посетата во Општина Гази Баба.

Николоски посочи дека од состанокот кој го имал во Гази Баба произлегла идеа, владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.

– Тие луѓе трошат средства за патување до таму, за престој, гориво итн. Во услови кога плаќаат данок во Македонија и во услови кога плаќаат здравствено осигурување, мора да ги поднесат овие трошоци, така што произлезе една добра идеа, која ќе ја разработиме во следниот период, а тоа е македонската влада да ги рефундира трошоците кои што се направени на македонските граѓани кои мора да одат надвор да се вакцинираат, не по нивна вина, туку по вина на владата на Заев и Филипче- потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...