23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСпречен шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езеро

Спречен шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езеро

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата од албанскиот град Поградец спречила шверц на марихуана од Албанија во Македонија преку Охридско Езеро.Упасени се две лица за кои постоеле основи на сомнение дека оваа „дејност“ ја извршувале повеќепати јавува Сител Телевизија.

<

Запленета е дрога во помала колична, упасен е Адриан Папајани (35) од селото Худениш, а се трага по неговиот брат Фатјон Папајани (29).

-Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги, соопшти полицијата.

Се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.

Полициите на двете земји се вклучени и во расветлувањето на случајот со запленетиот кокаин во Драч. Според последните информации од полицијата, во камионот со кој управувал македонскиот државјанин Назиф Ајроски (40) запленети биле вкупно 324 килограми и 400 грама кокаин, кој бил во кутии со логоата на Чикаго булс,

Пари Сен Жермен, Кензо и Диор а бил скриен внатре во шасијата на камионот.

Дрогата била откриена со скенер на втората линија на контролата пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи.

Извор Сител Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...