21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЕУ до Унгарија- или почитувај ги правата на ЛГБТИ или оди си...

ЕУ до Унгарија- или почитувај ги правата на ЛГБТИ или оди си !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерите на Европската унија побарале од Унгарија да ги почитува ЛГБТ-правата или да го напушти блокот. За време на Самитот односно на состаноците во Брисел имало остри дискусии и лични судири меѓу лидерите на земјите-членки и конфронтации со премиерот Виктор Орбан околу новиот закон на неговата земја со кој се забранува училиштата да користат материјали што може да се сметаат за промовирање на хомосексуалноста.

<

Холандскиот премиер Марк Руте пред медиумите денеска изјави дека неколку негови колеги се судрија лично со Орбан околу законот за време на дводневниот самит на блокот.

„Престани со ова, мораш да го повлечеш законот, и доколку не ти се допаѓа тоа и доколку навистина сметаш дека европските вредности не се твои вредности, тогаш треба да размислиш дали треба да останеш во ЕУ“, му порачал Руте на Орбан.

Предложените законски измени, кои сепак мора да бидат одобрени од претседателот на Унгарија, забрануваат „прикажување и промовирање на хомосексуалноста“ на малолетници во училишта, филмови или реклами.

Орбан критикуван од ЕУ за контроверзниот унгарски закон за ЛГБТ
Вон дер Лајен: унгарскиот анти ЛГБТ закон е срам
Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека сите критики се темелат на погрешното толкување на законот и дека во него нема дискриминација. Тој вели дека законот е гарантирање на правото на родителите да ги воспитуваат своите деца и заштита на малолетниците од пристап до содржина што е спротивна на принципите на родителство на нивните родители. Орбан вчера на новинарско прашање дали ќе го поништи законот, конзервативниот унгарски премиер ги отфрли критиките и рече дека законот е „готов“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече битка над цивилизацијата и културата. Но, тој подоцна малку се повлече од неговите коментари велејќи дека не се согласува со ставот дека Унгарија треба да го напушти блокот.

„Тоа е езгистенцијално прашање за Европејците и голема дебата. Не поддржувам користење на членот 50 за исклучување од ЕУ“, рече Макрон на прес-конференција.

Пред самитот, лидерите од 17 од 27-те членки на блокот потпишаа писмо во кое изразија загриженост и жалење за каква било форма на дискриминација заснована на сексуална ориентација. Во него е посочено дека „почитувањето и толеранцијата се во основата на европскиот проект“.

Радио Слободна Европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...