13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветКако што ветија така и направија, на аукција се продава владиниот Мерцедес,...

Како што ветија така и направија, на аукција се продава владиниот Мерцедес, ама не на Македонската влада, туку на Црногорската…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Црногорското министерство за финансии на Црна Гора објави повик за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил од марката Мерцедес-Бенц, модел „мајбах С 650“, со регистарски ознаки ПГ-ХМ542.

<

– Секое евро е важно во годината на социјална правда. Ова е крај на расипништвото, парите од продажбата ќе одат онаму каде што се најпотребни – за социјално загрозените, рече министерот Милојко Спајиќ.

Според наведеното во огласот, почетната цена на возилото е 456.933,18 евра, а продажбата со јавно усно наддавање ќе биде во петок, 23 јули, во Будва. Право на учество имаат сите заинтересирани лица кои ќе уплатат депозит во износ од пет отсто од износот на почетната цена за автомобилот, односно 22.846,65 евра.

Црногорската влада во средината на февруари усвои предлог за давање согласност за продажба на два „мајбаха“. Тогаш премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека средствата од продажбата ќе бидат уплатени во буџетот и ќе се користат за помош на загрозените граѓани.

Двата „мајбаха“ на крајот на 2017 година и почетокот на 2018 ги купила Агенцијата за национална безбедност за 1,2 милиони евра.

Министерот за финансии Милојко Спајиќ, неодамна рече дека претседателот Ѓукановиќ не го испочитувал заклучокот на владата со кој се реши за продажба на автомобилите и дека го игнорирал барањето кое му го упатила АНБ за повраток на возилата, со цел да се спроведе постапката за продажба. Поради тоа како што истакна, не може да се процени вредноста на возилата.


 

извор:вјести.ме

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...