32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо ГОБ „8 Септември“ нема заразени, си замина и последната пациентка

Во ГОБ „8 Септември“ нема заразени, си замина и последната пациентка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во петокот од „8 Септември“ си замина последната пациентка, која таму се лекуваше од компликации на новата болест. Во изминатава година и три месеци во овој центар беа лекувани 3.250 пациенти заразени со болеста, поради што беше стопирано лекувањето на пациенти од други болести, објави „Фактор“.

<

Директорот на болницата д-р Христијан Костов изјави дека се надева оти ова ќе биде крај на една лоша епизода со која се соочи целото човештво.

 

„Во еден период имавме и 180 хоспитализирани пациенти. Освен пациенти со тешки компликации од болеста ништо друго практично и да не лекувавме. Не се правеа операции, амбулантите за сите останати патологии не работеа, месеци и месеци во ГОБ „8 Септември“ не влегуваа други пациенти. Секој кат од болницата беше резервиран само за болните од оваа нова болест, секојдневно се бараше болнички кревет повеќе. Молби доаѓаа од сите страни, и тука беа носени пациенти со најтешка клиничка слика“, изјави Костов за порталот Фактор.

ГОБ „8 Септември“ од март 2020 година, со одлука на Владата стана ко вид центар, во кој поради компликации од болеста имале повеќе од 3.250 хоспитализации и над 24.000 прегледи на болни и суспектни на истата.
FacebookTwitterCopy Link

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...