12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПуста сиромаштија: Екс-градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски немал ниту еден стан, а...

Пуста сиромаштија: Екс-градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски немал ниту еден стан, а камо ли 80 како што се шпекулираше во јавноста !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Екс-градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во своето гостување на „Студио 10“ на „ТВ 24“ истакна дека додека бил на функција му биле проверувани 15.100 предмети за легализација, како и над 2.000 тендери.

<

– И од сѐ тоа, константирано е дека изградени се две општински бараки, без решение за поставување на времен објект бидејќи бараките се времени. Имаме одлука на Совет, имаме средства предвидени во буџет, имаме средства предидени во програма и имаме предвидено во програма за јавни нававки. Сите тие документи беа подговени, освен документот што локалната самоуправа го нема – рече Јакимовски, а меѓу другото, го прокоментира и законот за дивоградби, но и обвинувањата дека има 80 стана.

– Следна работа, најдени се три легализации за коишто објектите наводно биле времени објекти. Меѓутоа, доколку објект е времен, тој мора да е упишан во имотниот лист на објектот. И ниту јас, ниту моите службеници, па и Тито од гроб да стане објектот не може да го легализира бидејќи тој е времен. И покрај тоа, и на тие објекти им се издава времена дозвола секоја година, но овие објекти такви нешто немале. Згора на тоа, секој од тие објекти од првичната квадратура што ја имале, сега имаат многукратно поголема квадратура и по тој основ општината има обврска да изврши нивна легализација. Со други зборови, овие предмети се чисти како солза и предмети за криминал апсолутно не постојат – објаснува Јакимовски.

На прашањето колку стана има Стевче Јакимовски, тој одговори дека нема ниту еден стан.

– Ниту еден стан немам. Одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Од 100 години наназад, ние за политичко мислење би се убивале. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во југоисточна Европа – вели Јакимовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...