24 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаСветЛевот оди во историјата, Бугарија ќе го воведува еврото од 2024 година

Левот оди во историјата, Бугарија ќе го воведува еврото од 2024 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Бугарија е усвоен нацрт-национален план за воведување на еврото како платежна валута од 1 јануари 2024 година, соопштија денеска Бугарската национална банка и Министерството за финансии на Бугарија.

<

Воведувањето на еврото е планирано без преоден рок, а датумот на усвојување на еврото ќе се совпадне со неговото воведување како официјална платежна единица.

Конверзијата ќе се изврши со примена на фиксниот курс помеѓу еврото и левот. И по воведувањето на еврото во рок од еден месец, левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање, јави БТА.

Националниот план за воведување на еврото во Бугарија е стратешкиот документ врз основа на кој ќе се спроведува оперативната работа за замена на левот со еврото. Планот го изработи Координативниот совет за подготовка на Република Бугарија за членство во еврозоната и при неговата подготовка беа следени практики на земјите-членки на еврозоната

Нацртот на Националниот план за воведување на еврото во Република Бугарија ќе биде на јавна дискусија пред да биде доставен на разгледување од страна на Советот на министри.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...