23.3 C
Ohrid
среда, август 4, 2021
Почетна Македонија Скопјаните повторно се жалат на високите цени во Охрид- Охриѓани викаат, за...

Скопјаните повторно се жалат на високите цени во Охрид- Охриѓани викаат, за ваква убајна уште требит поскапо да е..

Translate (Eng):[gtranslate]

Деновиве на социјалните мрежи има бурни реакции поради личните искуства на домашните туристи кои го посетиле Охрид. Најголем акцент ставаат на услугата во рестораните, како и скапите паркинг места или влез за на плажа.

Во коментарите ќе сретнете поделени мислења. Охрид секако важи за најубава летна дестинација не само за македонците, туку и за многу туристи од далечни земји за кои цените и не се така недостижни. Но, сепак нашите граѓани се жалаат на Фејсбук дека за стандардите во Македонија – Охриѓани претеруваат!

Охридските угостителите пак, демантираат со тоа што ги споредуваат нивните цени, со цените во Грција или Црна Гора и потенцираат дека ако летувате во ваша земја, не значи дека не треба да платите толку колку вреди.

РЕКЛАМА

Оние кои се одлучија нивното искуство од Охрид да го споделат со корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, ја коментираат храната. Не само цената, туку ревносно коментираат дека нарачале едно, а биле послужени со “банална” замена за истото.

Инаку, пред пандемијата турзмот во Охрид “живееше” најмногу од странци и најбројни според Секторот за туризам и локален економски развој (ТЛЕР) на ранг листата на посетеност се туристите од Бугарија, Полска, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Албанија, Германија…

Скопје Инфо

- Реклами -