16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаOткако министерот Венко Филипче на Фејзбук видел објава во која се бара...

Oткако министерот Венко Филипче на Фејзбук видел објава во која се бара помош за 25 годишно момче, веднаш го исконтактирал неговото семејство !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет и петгодишно момче Андреј Илиевски кој треба да се оперира од тумор на мозокот, а за тоа му се потребни 10.950 евра, ќе се лекува во Истанбул, откако апелот од родителите со споделување на Фејсбук бил виден од министерот за здравство Венко Филипче.

<

Семејството на момчето изминатите денови апелира до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат да донираат на телефонските броеви и на жиро-сметка. Активистката Ирена Ристиќ потврди дека сега за тоа нема потреба бидејќи семејството добило повик од министерот Филипче откако го видел апелот.

„Средствата кои беа потребни за оперативниот третман во Турција за Андреј Илиевски ќе бидат подмирени од страна на Фондот за здравство благодарение на министерот др.Венко Филипче кој денес стапи во контакт со семејството.

Благодарение на вашите споделувања, а ги имаше многу (тука во групава ричот беше над 17.000), веста стасала и до министерот Филипче, па он ми пиша, па го поврзав со семејството, па така бидна…Ако не споделувавте, ништо…“, објави Ристиќ.

– Подадете рака. На нашиот 25 годишен Андреј Илиевски му е дијагностициран тумор на мозок. Туморот мора да се отстрани со оперативен зафат кој не се изведува во Македонија. Операцијата ќе се изврши во Универзитетската болница КОЧ во Истанбул, Турција и чини 10.950 евра. Средствата треба да се обезбедат најдоцна до 25.07.2021 година. Вашата помош за нас значи живот. Од се срце Ви благодариме, гласеше претходно апелот од најблиските кој беше објавен и од медиумите.

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...