25.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаСветМедиумите во Бугарија пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие...

Медиумите во Бугарија пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие азил во Турција.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Медиумите во соседна Бугарија пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие азил во Турција.

<

По средбата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која немаше бугарско знаме, порталот „Сега.БГ, оценува дека посетата на 3 јули била со цел да се обезбеди азил за Борисов во Турција.

На Фејсбук, Борисов искажал благодарност за фактот дека пред неколку години Турција не дозволила мигрантите да преминуваат во Бугарија.

„Точно е дека според протоколот, едниот е шеф на државата, а другиот веќе нема официјален став, но нагласувањето на оваа разлика само покажува дека целта на посетата не била зајакнување на односите меѓу двете земји, туку Борисов да си ја заврши својата работа“, пишува бугарскиот портал.

 

Медиумот коментира дека Ердоган иако бил љубезен, не покажал почит кон Борисов. Ердоган го пречека Борисов со две турски знамиња, наместо со турско и бугарско. Ова го налути европратеникот Ангел Џамбаски кој му забележа на Борисов дека дозволил да биде пречекан со две турски и ниту едно бугарско знаме во неговата резиденција. Џамбаски рече дека  Борисов отишол „да му ја бакне раката на Султанот“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...