15.5 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаСветЕмотивно Видео: Татко, си го пронајде синот после 58 години...

Емотивно Видео: Татко, си го пронајде синот после 58 години…

spot_imgspot_img

Кога Кинезот Фу имал две години бил киднапиран на железничка станица, а дури деновиве, после 58 години повторно си го нашол таткото Лу (90). Фу, кој сега има 60 години, со таткото се сретнал во градот Заожуанг, во источната провинција Шандонг, а лоалните власти го објавиле видеото од нивната трогателна средба.

Штом поминал низ вратата, Фу потрчал кон својот татко, го гушнал и во солзи паднал на колена.

Инаку, Лу исчезнал од железничката станица во дистриктот Суеченг во 1963 додека со таткото, кој го држел за рака, чекале воз. Во еден момент таткото го пуштил рачето на својот син и детето исчезнало. Се верува дека го киднапирале криумчари кои го одвеле во Шангај каде бил посвоен. Семејството го барало со години, но се било безуспешно.
Во 2015 секторот за јавна безбедност на Заожуанг покренала посебна постапка за овој случај користејќи современа ДН анализа, а потрагата била проширена. На 1 јуни анализата покажала совпаѓање и една недела подоцна, таткото и синот конечно се сретнале.

Фу рекол дека семејството кое го посвоило му кажало дека не е нивен биолошки син, но наводно ништо не знаеле за неговото минато. Киднапирањата деца инаку се голем проблем во Кина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...