19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на Цук Стојанче Ангелов: Не палете скари, ресурси за гаснење на...

Директорот на Цук Стојанче Ангелов: Не палете скари, ресурси за гаснење на пожари нема

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

В.д. директорот на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, призна дека можностите за гаснење на пожари биле лимитирани. Тој спасот го гледа во апели до граѓаните да биле внимателни. Луѓето биле виновни за дел од пожарите ширум Македонија, па упати порака да не се палат скари, оти ресурси за гаснење на пожари нема на претек.

<

-Ги повикуваме сите граѓани да пријават опасност, односно да пријават пожар доколку го забележат на било кое место, веднаш да се јават на бројот 195, тоа е бројот на центарот за управување со кризи, или на бројот 193. Можност за одоговор на пожари, односно можностите за гаснење се лимитирани, рече Ангелов.

Тој апелираше и до сите градоначалници да се погрижат нивната територијална противпожарна единица и тимовите, кои со закон се должни да ги имаат, да ги зајакнат и со опрема, но и со бројност, за да можат да пружат прв одговор при појава на посериозни пожари на отворено или шумски пожари.

Зошто токму институцијата на чие чело е токму тој има лимитирани можности за гаснење на пожари?

Иако имаме малку ресурси за справување со пожари и тие не ги користиме целосно. Канадерите кои ги има во Македонија не се користат, оти не се сервисирани – сервисот бил скап. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Бесим Максути вели дека постапката за избор на фирма која ќе ги сервисира е во тек.

„Тие не се сервисираат во земјата, а би сакал да споделам дека уште пострашно е што во досегашната пракса се појавува само еден оператор кој од година во година ни ги зголемува побарувањата, кои се надвор од буџетските средства кои Дирекцијата ги има. Ние секоја година од операторот добиваме поголемо побарување за 30 до 40 отсто. Ни одат премногу средства, а не добиваме навреме сервисирани и готови авиони за гаснење пожар“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Максути во интервју за Радио Слободна Европа.

Проблемот за справување со пожари се јавува и во бројот на противпожарни возила, кои ги има само нешто над 200 и се со просечна старост од 28 години.

извор: republika.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...