-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПокрај имотот и сметката во банка, Обвинителството му го замрзна и Џипот...

Покрај имотот и сметката во банка, Обвинителството му го замрзна и Џипот на Рашкоски.

spot_img

Од извори во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, „360 степени“ дознава дека забраната за отуѓување движни ствари, која е изречена за фирмата во сопственост на третоосомничениот во предметот против Рашковски, се однесува на луксузниот џип „волво XC 90“ во кој го „уловивме“ ексгенералниот секретар на возачкото седиште
Замрзнување на сметката на ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски и имотот што е на име на неговите две малолетни деца – е последниот потег на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

А освен за сметката и имотот на Рашковски, мерка забрана за отуѓување или оптоварување движни ствари е изречена и за фирмата на третиот осомничен во случајот со набавката на софтверот.

Од извори во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, „360 степени“ дознава дека забраната за отуѓување на движни ствари за фирмата во сопственост на третоосомничениот во предметот против Рашковски се однесува на луксузниот џип „волво XC 90“ во кој го „уловивме“ ексгенералниот секретар на возачкото седиште, а истиот ден откако го објавивме случајот, Рашковски си поднесе оставка од позицијата секретар во кабинетот на премиерот.

„Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе Решение за привремена мерка со кое спрема едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото Решение спрема две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, спрема едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари“,

се вели во соопштението на Обвинителството.
Како што претходно објави „360 степени“, според бројот на регистарските таблички, џипот е во сопственост на фирмата „ГБЦ системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видеоопрема, чиј единствен газда, според Централниот регистар, е Игор Христов. Христов е меѓу осомничените за набавката на софтверот, а според Обвинителството, како надворешен соработник, пренесувал информации за текот на тендерот.

Рашковски го ангажирал Христов како хонорарец за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат на Владата и неколку пати му го продолжувал ангажманот и му го зголемувал хонорарот. Тој е меѓу хонорарците во Генералниот секретаријат за кои пишуваше порталот „Призма“, чии имиња Владата првично одбиваше да ги објави.

На прашањето како џипот стигнал во рацете на Рашковски, Христов за „360 степени“ тогаш рече дека лани неговата фирма купила два половни џипа „волво ХЦ 90“, увезени од Германија. Рече дека едниот џип го вози тој, додека вториот ѝ го дал на користење на сопругата на Рашковски, бидејќи вработениот за кого било наменето возилото ја напуштил фирмата.

Христов отфрли поврзаност меѓу неговиот ангажман кај генералниот секретар Рашковски и користењето на џипот во негова сопственост од семејството Рашковски.

„Тој нема никаква поврзаност ниту од аспект на сопственичка ниту од аспект на управувачка структура со мојата фирма“,

рече Христов.
Постои опасност од отуѓување на имотот
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција официјално не откриваат дали истрагата против Рашковски ќе се прошири и за луксузното „волво ХЦ 90“ и за неговиот имот, од кој 11 илјади квадратни метри земјоделско земјиште во викенд-населбата Побожје се впишани на име на неговите две малолетни деца. Како што објави ТВ „Алсат“, тука Рашковски планирал да гради луксузна хациенда.

Нов проект на Рашковски: Ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, како инвеститори се заведени неговите деца

Целта на мерките за замрзнување на сметките и имотот, како што посочија од Обвинителството, е привремено обезбедување на имотот за да не дојде до „осуетување на намирувањето на отштетното побарување во текот на постапката“. Како оштетена странка, додаваат, се јавува државата, а вкупното отштетно побарување е 17 642 237 денари (околу 290 илјади евра).

Мерките за замрзнување на имотот ќе траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот. Истовремено, за Рашковски беше изречена мерка за нови 30 дена куќен притвор.

Паралелно со истрагата на Обвинителството, нов предмет против Рашковски пред два месеца отвори и Антикорупциската комисија од каде што најавија дека освен што ќе ја проверуваат реалната имотна состојба на ексгенералниот секретар на Владата, ќе се истражува и дали нејзината вредност ги надминува неговите примања. Во тој случај истрагата би одела подлабоко и ќе се бара асистенција од другите истражни органи.
360 СТЕПЕНИ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...