13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонија„Нема потреба од паника“-Инфекцијата на дишните патишта што се појави кај децата...

„Нема потреба од паника“-Инфекцијата на дишните патишта што се појави кај децата во Гевгелија според нашите сознанија е резултат на заспаниот имунолошки систем, кој со раздвижувањето сега ja покажува истата патологија што ја гледавме во февруари и март

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инфекцијата на дишните патишта што се појави кај децата во Гевгелија според нашите сознанија е резултат на заспаниот имунолошки систем, кој со раздвижувањето сега ja покажува истата патологија што ја гледавме во февруари и март годинава, вели директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова.

<

„Нема потреба од паника“, потенцира Софијанова, која заедно со тим од пулмолози од Универзитетската клиника беше во Гевгелиската болница за да ги испитаат случаите.

Изминатиов месец околу 50-тина деца се евидентирани со заболувања на дишните патишта во Гевгелиската болница, проследени со бронхопневмонија. Дел од нив биле и на кислородна поддршка, но се стабилни. Кај сите деца се направени брзи и ПЦР тестови, но сите биле негативни на ковид-19.

Во моментов во Болницата се хоспитализирани две бебиња, а 20-тина деца на возраст од 2 до 5 години се водат како на дневна болница.

Експертите од Клиниката ги прегледаа дечињата што доаѓаа на дневен престој, но и двете хоспитализирани бебиња. Паралелно се изврши увид и во документацијата на останатите 50-тина деца кои во изминатиов месец се пожалиле на висока температура и потешкотии во дишењето.

„Дополнителни резултати се земени од наша страна. На нашата Клиника ќе бидат доелаборирани антителата за евентуална постковид реакција, она што ние го велиме серологија, д-димери и дополнителна палета на респираторен панел, за да направиме јасна дистинкција за што станува збор. Лично по нашите искуства сметаме дека заспаниот имун систем кај децата укажа дека со раздвижувањето и во затворен простор како што се градинките, доведе до тоа, она што се гледаше во февруари и март и што беше нормална патологија, сега да го видиме, не само во Гевгелија туку и во останатите градови“, кажа Софијанова, додавајќи дека вечерва ќе се знаат резултатите од дополнителните испитувања.

В. ТРАЈКОВ SDK.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...