2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМрме прими плакета од Саше Тасевски со „Фудбалска федерација на Република Северна...

Мрме прими плакета од Саше Тасевски со „Фудбалска федерација на Република Северна Македонија“

spot_imgspot_img

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме доби признание од Саше Тасевски, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи.

„Голема благодарност до директорот на БЈБ м-р.Саше Тасевски за доделената плакета .Кога ќе добиете признание од голем човек и уште поголем професионалец а најважно од се долгогодишен другар задоволството е преголемо“, напиша на Фејсбук фудбалскиот стручњак кој за прв пат го одведе македонскиот национален тим на едно Европско првенство.

Доделената плакета е за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес на БЈБ и Фудбалската федерација на Македонија. На плакетата името на ФФМ е преименувано во „Фудбалска федерација на Република Северна Македонија“. Федерацијата до сега не објавила дека го променила своето име.

За време на настапите на македонската фудбалска селекција на ЕВРО 2020 Грција и премиерот Зоран Заев ја повикуваа ФФМ да го промени името согласно Преспанскиот договор бидејќи се работи за „организација која ја претставува цела нација“.

Ангеловски пред последниот настап против Холандија објави дека повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на македонската репрезентација.

FAKTOR

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...