7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаMaкедонец го сруши црниот рекорд, фатен на радар со 320 километри на...

Maкедонец го сруши црниот рекорд, фатен на радар со 320 километри на час.

spot_img

Македонските возачи ги рушат црните рекорди на патиштата низ државата. Деновиве радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час, а исто така, надминат е рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,74 промили алкохол. Вчера претпладне во акција на полицијата на цела територија на државата, регистрирани се 400 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а дури 230 возачи биле во алкохолизирана состојба, од нив 30 во Битола. Нема старосна граница во овие прекршоци. Фрапантни се и бројките на затекнати возачи кои управуваат без возачка дозвола, најмногу млади лица, велат од полицијата.

ЗАГРИЖУВАЧКА, А ЈАС БИ РЕКОЛ ДЕКА Е ЗАСТРАШУВАЧКА СИТУАЦИЈАТА КОГА НА РАДАР ЌЕ ФАТИТЕ НЕКОЈ ШТО ВОЗИ СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД 300 КМ НА ЧАС, ТОА НЕ Е НОРМАЛНО. ИЛИ КОГА ЌЕ ИЗМЕРИМЕ НА ДРЕГЕР ДЕКА КОНСУМИРАЛ АЛКОХОЛ 3, 74. ТОЈ ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ОДИ, А НЕ ДА ВОЗИ. ЗАТОА МОРА ДА РАБОТИМЕ НА СВЕСТА. МВР И РСБСП РАБОТАТ, НО МОРА СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА РАБОТАТ, ОВА СЕ УЧИ ОД НАЈМАЛИ НОЗЕ, ВЕЛИ ТОНИ АНГЕЛЕВСКИ ОД МВР.

Со оглед на фактот што најголем број на сообраќајни незгоди со жртви се случуваат во јуни и јули, кога има поголема раздвиженост на населението, републичкиот совет за безбденост во сообраќајот заедно со МВР спроведуваат кампања „Вози одморен“.

СООБРАЌАЈНИТЕ НЕЗГОДИ КАДЕ ПРЕДИЗВИКУВАЧ Е ЗАМАРОТ СЕ ФАТАЛНИ. ПОКРАЈ ЗАМОРОТ, ВАЖЕН ФАКТОР ЗА СЛУЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ НЕЗГОДИ СЕ ГОЛЕМАТА БРЗИНА И ВОЗАЧИТЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ ДА ГО ЗГОЛЕМАТ ВНИМАНИЕТО И ОДГОВОРНОСТА, ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИТЕ ЗА ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛИ ГОРДАНА КОЖУВАРОВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РСБСП.

Возачите не ги почитуваат правилата и прописите и прават прекршоци, и покрај секојдневните контроли на полицијата. Лани во државата имало 125 жртви во сообраќајни незгоди. Икао оваа бројка статистички е најмала, сепак, од МВР велат дека со засилените контроли и акции целта е да се намали бројот на жртвите во сообраќајни незгоди.

Емилија Мисирлиевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...