16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаЗабаваИрена Спасовска: Со концертот што го одржав во Пробиштип, докажав дека не...

Ирена Спасовска: Со концертот што го одржав во Пробиштип, докажав дека не мора да биде ЦЕЦА за народот да се забавува !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синоќа на амфитеатарот на градскиот плоштад во Пробиштип се одржа концерт насловен ,,Ирена и пријателите” на кој настапи фолк пејачката Ирена Спасовска заедно со „Фантастико бенд” и диџеј Александар. Концертот е резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Општина Пробиштип и Здружение на естрадни уметници на Македонија, и привлече голем број на посетители. За „Фокус” Ирена појаснува дека атмосферата ја трогнала, бидејќи во публиката имало од најмали, до највозрасни генерации.

<

-Премногу публика, расположен народ, желен за песна. Кога на сцената ми се придружија и дечиња од публиката, спонтано, да пеат со мене, ми се наполни душата. Настанот само уште еднаш покажа дека не мора да се носат скапи музички ѕвезди од странство, за да се има добра забава. Нашиот народ знае кој пее од срце, со вистинска емоција.

Премногу љубов имаше на сцената, владееше таа поврзаност која со години ја негувам со публиката. Ете, Пробиштип покажа дека не мора да биде Цеца на бина, за да се има убаво расположение, тоа се може и со нашите македонски песни! – вели Спасовска.

Додава дека е многу благодарна на ЗЕУМ и на Раде Илиевски, раководител на одделение за општествени и јавни дејности во општината, како и на градоначалникот Драган Атанасов, поради остварената соработка со нашата естрада, но и на сите жители на Пробиштип кои во огромен број синоќа присуствувале на концертот.

 

-Со децении сум дел од нашето естрадно небо, можеби една од ретките која успева кариерата да ја држи на едно исто ниво. Но, времињата се такви, јас држам ниво, ама потребна е и поддршка од институциите, како што тоа се случи вчера во Пробиштип. Треба да започнеме да си го цениме своето, да се даде предност на нашите, секогаш! Овде сме за хуманитарни концерти, за разни настани сме достапни во секое време, посебно ние од фолк естрадата, и кога се случува вакво нешто, кога општините застануваат зад нас, тоа многу ни значи. Ова ни е еден вид на признание дека се цени нашата работа, а поголема сатисфакција од тоа, да си ценет дома, кај своите, не постои-раскажува Ирена.

Од Општина Пробиштип за „Фокус” велат дека со вчерашниот концерт на Ирена започнала низата на културни настани кои ќе се случуваат во тек на летниот период.

Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...