16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваЗоки Фаци: Клошарите што немаат сол во очи, ме исмејуваат дека сум...

Зоки Фаци: Клошарите што немаат сол во очи, ме исмејуваат дека сум пазарел во Шутка- Абре таа Шутка е Холивуд за вас !!!

Познатиот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам. Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.

Популарниот Зоки Фаци каде и да се појави привлекува внимание, а има и зошто.

Зоки Фаци е мошне активен и на социјалните мрежи, па често објавуа фотки и видеа од своето секојдневние.

Во една прилика Зоки има кажано дека тој на себе носи само скапа брендирана облека, но на социјалните мрежи се појавија фотки како тој пазари од тезги во Шутка, на што тој се огласи:

„Да, точно бев и купував папучи на жената што чисти во Микаса, а што има лошо во тоа да пазариш во Шутка“.

По ова утрово Зоки Фаци се огласи и со видео порака на стори на Инстаграм каде што беше релативно силен на уста и упати порака до оние кои го фотографирале и оние кои го коментираат:

„Уште од сабајле отварам очи и милион пораки зошто сум пазарел во Шутка. И сеа што да ви кажам, да точно бев, купував тоа што купував и јас во Шутка баш сакам да одам од тезга на тезга ми е интересно“, кажа Зоки и додаде:„А вие клошари, будалетинки кај пазарите, вода во очи немата, па таа Шутка за вас е Холивуд“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...