16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветЧовек со прекар Исус „воскресна“ во Војводина – го закопаа, ама се...

Човек со прекар Исус „воскресна“ во Војводина – го закопаа, ама се појави жив

Невообичаена случка, каква што најчесто има само на филм, ги вознемири жителите на српскиот град Сремски Карловци и особено семејството Станков – жител на градот, за кој најблиските верувале дека е мртов, се појавил жив само ден откако му правеле погреб, пишуваат српските медиуми.

Според пишувањата на локалните медиуми, 56-годишниот човек по име Саша Станков, кој за да бидат работите уште почудни, имал прекар Исус поради долгата брада, не бил во добри односи со семејството и живеел во Нови Сад, а минатата недела на неговите роднини им било кажано дека тој починал.

Телото било испратено во неговото родно место во запечатен лимен сандак, па не можело да се потврди дека тоа е членот на нивното семејство. Закопот бил извршен во петокот, а на крстот било напишано името на Станков.

Но, само ден подоцна, до членовите на семејството стигнале неверојатни информации од пријателка на Саша: нивниот роднина бил виден во Нови Сад, жив и здрав. Набргу била откриена забуната – во гробот со името на „воскреснатиот“, лежел негов сограѓанин, кој исто така се викал Саша, а и личел на Станков. Проблемот веројатно настанал кај локалните полицајци, кои усно им потврдиле на членовите на семејството дека починал нивниот роднина, без да ги извршат потребните проверки.

„Воскреснатиот“ човек повеќе од една година живеел во Нови Сад и неговото семејство немало никаков контакт со него. Кога го нашле, тој бил одведен во полициската управа на Нови Сад, каде е фотографиран и земени му се отпечатоци од прстите.

Во ноќта меѓу саботата и неделата е извршена ексхумација и телото на погрешниот покојник е извадено од семејната гробница на Станкови. Од семејството велат дека сѐ уште не добиле официјална верзија од надлежните за тоа како дошло до забуна од толкави размери.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...