26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев за ДВ: Ние сме лидери на Балканот, кога ЕУ ќе биде...

Заев за ДВ: Ние сме лидери на Балканот, кога ЕУ ќе биде подготвена нека ни се јави

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Северна Македонија е лидер во сите реформски процеси на Балканот, вели во интервјуто за Дојче веле, премиерот Зоран Заев. Според него, главната битка е како да се задржат младите луѓе да не заминуваат од земјата.

<

Траумите од 16,5 годишното чекање на зелено светло од ЕУ се преголеми, вели премиерот Заев во разговорот за ДВ, и порачува дека ЕУ е таа која сега треба да одлучи дали сака натамошно проширување.
„Кога (ЕУ, н.з.) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Северна Македонија“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.

 

Македонскиот премиер се пофали со успесите на неговата влада во изминатите четири години и рече дека една од најважните задачи е да се спречи иселувањето на младите луѓе од земјата.

„Една од главните битки за секоја земја тука во Југоисточна Европа, исто така и за Северна Македонија, е како да се задржат младите да останат во земјата и да најдат работа затоа што загубивме многу во последните 15 години. Ни се случи големо иселување од сите земји на Југоисточна Европа кон Западна Европа, САД и други континенти. Имаме многу успешен процес имајќи предвид дека отворивме над 100.000 работни места во последните четири години во нашата земја. Просечната плата порасна за 45%, а минималната плата порасна за 65%. Имаме намалување на невработеноста од 24% на 16%. Но се разбира, подобрувањето на квалитетот на животот е најголемата гаранција дека младите луѓе ќе останат во земјата“, вели Заев во интервјуто за ДВ.

DW.COM

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...