1.7 C
Ohrid
четврток, јануари 20, 2022
Почетна Македонија Филипче: Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира

Филипче: Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира

Translate (Eng):[gtranslate]

Филипче вели дека граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се вакцинираат може да развијат тешка форма на болеста и потенцира дека сите вакцини штитат од новите мутации на вирусот.
Од септември или октомври најверојатно ќе има нови рестрикции, бидејќи не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, интересот за вакцинација против ковид-19.

Тој рече дека државата е далеку од колективен имунитет и апелираше граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вели, само на тој начин може да се избегне втор бран на пандемијата.

„Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антивакцинална кампања, како кога беше актуелна епидемијата со морбилите. Тогаш веднаш интервениравме и се сузби преку вакцинацијата и забраната децата да се примаат во градинки и училишта. Тоа треба да е доказ колку моќно оружје е вакцината во борба против пандемија. Ги пратиме другите земји, нема некоја голема разлика во бројките…најголем опфат кај нас има во поголемите градови, Скопје, Охрид, Битола…“,

РЕКЛАМА

рече Филипче.
Филипче рече дека граѓаните треба да бидат свесни дека ако не се вакцинираат може да се инфицираат и да развијат тешка форма на болеста, потенцирајќи дека вакцината штити и од новите мутации на вирусот.

„Ние ќе продолжиме да го држиме системот отворен – пунктовите за вакцинација без закажување на термин, теренска вакцинација на сите места каде што се поминало пак ќе се оди, отворени се пунктовите за деца…Но, тоа не е процент што може да не заштити и граѓаните треба да се свесни дека ако не се вакцинираат имаат голема шанса да бидат хоспитализирани и да имаат компликации“,

рече Филипче.