12.2 C
Ohrid
петок, мај 16, 2025
ПочетнаМакедонијаРашковски останува во куќен притвор, одбиено барањето да биде приведен во затвор

Рашковски останува во куќен притвор, одбиено барањето да биде приведен во затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, донесе решение со кое го одби како неосновано барањето на обвинителот за замена на мерката куќен притвор со мерка ефективен притвор на осомничениот Д.Р. во врска со предметот за „Нелегална набавка на софтвер“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

<

-Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно обвинителство во врска со предметот за “Нелегална набавка на софтвер„ и опредлените мерки за обезбедување присусутво за осомничениот Д.Р., а во правец на продолжување на неспорната транспарентности и отчетност која Кривичниот суд изминатиот период ја манифестира, ја известуваме јавноста дека: мерката за обезбедување присуство – Куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелациониот суд, опстојува БЕЗ дополнителна мерка за претпазливост – Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација. Предлогот на Јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто НЕ опстојува. Имајќи ги предвид овие околности, најпрвин судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, водејќи се исклучиво од Законските одредби без да навлегува во ценење на сомневањето на обвинителот дали навистина е прекршена мерка која впрочем воопшто не е определна, донесе решение со кое барањето на обвинителот го одби како неосновано – стои во соопштението.

Со оглед да со донесеното решение Кривичниот совет го одби предлогот на Јавниот обвинител, а воедно не го укина односно не ја ни преиспитуваше можност за укинување на мерката – куќен притвор, судот согласно досегашната пракса, заинтересираните медиуми ги извести за донесената одлука на судот, а за причините поради кои Јавниот обвинител барал построга мерка ги упати да се обратат токму кај надлежниот обвинител, наведуваат во соопштението од Кривичниот суд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Support Kocani објави нови фотографии од изгореници на екстремитети кај младите за да надлежните сфатат колку се сериозни последиците

Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице...

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...