21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОслободителна пресуда за Сашо Мијалков – судот пресуди дека не е виновен...

Ослободителна пресуда за Сашо Мијалков – судот пресуди дека не е виновен за „Тортура“ врз Љубе Бошковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мијалков: Абе лежеше тука 40 минути, сите го гледаа, бре.

<

Латас: Леле, леле

Мијалков: Па го свртеа со главата према веце, со лисиците. Народ гледа.

Латас: Леле, леле.

Мијалков: Му е*ав мајката

Латас: Нека јаде г*мна сега…

Латас: Сега со Велија заедно ќе се дружат

Мијалков: Со Велија ќе слават победа сега…

Латас: Да, да….

Ниту по речиси четири години од почетокот на судењето, или 10 години по апсењето на Љубе Бошковски, оваа снимка не докажува ништо. Барем така тврди судијата Александра Ристеска која го ослободи Сашо Мијалков и шестмината припадници на единицата „Алфи“, а кои се обвинети за нечовечко постапување при апсењето на екс министерот за внатрешни работи. Според неа, ова што го кажал Мијалков во оваа снимка може само да биде лична импресија за моментот на апсењето, а не и некакво него учество во тоа. Судијката смета дека јавниот обвинител не ја докажал вината на обвинетите.

„Поради сето горе наведено, судот, обвинетиот Сашо Мијалков, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани ги ослободува од обвниение бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, посочи Александра Ристеска.

Ќе следува жалба на пресудата кога ќе ја добијат на писмено. Јавниот обвинител Љубомир Лапе тврди дека обвинението е сосема јасно во кое се вели дека Мијалков бил соивршител на делото за кое се терети.

„Мислам дека обвинението е доволно прецизно и детално се опишани сите дејствија, како соизвршителски дејствија и тоа дополнително го објаснив и во завршниот збор и во одговор на решението на судот за преотварање на главната расправа. Секако ќе ја обжалиме. Во модерните демократски цивилизирани општества, ваквииот начин на лишување од слобода ваквиот начин на лишување на слобода е забранет и санкциониран. Судот пропушти да ги санкционира сторителите, според мене при состојба на јасни и недвосмислени докази“, вели Љубомир Лапе.

Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Афли“ се обвинети за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, со легнување на земја, лепење до тоалет, ставање лисици, пиштол на левиот образ, пцуење, во ситуација кога тој не даваше никаков отпор. Апсењето се случи на 6-ти јуни, 2011 година, еден ден по одржаните парламентарни избори.

Судењето за „Тортура“ почна во март 2018 година, а веќе еднаш почна одново, во октомври 2019 година, поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште. Обвинителот и оштетениот имаат право на жалба пред Апелациониот суд.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...