5.6 C
Ohrid
недела, јануари 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Не можам да ѝ се јавам на премиерката на Норвешка -...

Заев: Не можам да ѝ се јавам на премиерката на Норвешка – за Охрид одлучуваат експерти

spot_img

Каква и да биде одлуката за Охридскиот регион, ние ќе ја почитуваме. Но, ќе ни биде драго ако добиеме дополнителен рок, бидејќи не е во ред светот да води грижа за Охрид, туку пред се, треба ние да водиме и верувам дека ќе успееме, вели премиерот Зоран Заев во пресрет на одлуката за Охридскиот регион за тоа дали ќе се најде на Листата на светско наследство во опасност или државата ќе добие дополнителен рок за имплементација на препораките од УНЕСКО.

Заев вели дека одлука се очекува да има до попладнево. Посочи дека благодарение на, како што вели, постигнатите резултати за зачувување на Статусот на Охридскиот регион, Македонија го свртела вниманието на експертите кои треба да донесат одлука.

Заев вели дека секоја одлука ќе се почитува, но дека ќе му биде драго ако земјава добие дополнителен рок за да ги исполни препораките на УНЕСКО и да избегне поместување на Листата на светски богатства во опасност

Предлогот Охрид да добие уште две години стигна од БиХ, но гласањето било одложено поради негодување од Норвешка

„Тоа што е уништено со децении наназад под раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се врати во нормала за мал период. Одлуката ни беше најавена тоа беше дека Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светски богатства во опасност. Но, благодарение на градоначалникот и општинската администрацијата, со сите аргументи кои беа изнесени и од Министерството за култура и мојот кабинет, кои се во постојана дебата вчера и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати што досега се постигнати. Пред се мислам на изградбата на колекторскиот систем, ставање на режим на планот за управување со Охрид, чистењето на плажите…Благодарение на тие резултати го свртивме вниманието на сите експерти којшто дискутираат на заседанието на УНЕСКО и се уште се дискутира,“вели Заев.

Заев рече дека е задоволен од досегашните резултати и дека градот и понатаму ќе се развива. На прашањето дали лобирал за државата да добие дополнителен рок за да ги исполни препораките на УНЕСКО, премиерот вели дека за тоа одлучуваат експерти, а не политичари.

„Таму нема политика. Северна Македонија во овој период испрати многу силни меѓународни пријатели, но таму се исклучелно експерти и професионалци. Норвешка на пример, го води целиот овој проект и е најгласна, но не може Заев да се јави на премиерката на Норвешка. Тоа не функционира така. Врз основа на докази, врз основа на сето тоа што е направено, дебатата е отворена. Вчера траеше цел ден и денеска после пладне се очекува одлука. Но, задоволен сум што го свртивме вниманието и гледам дека се работи. Тоа е мотивација за нас,“,вели премиерот.

На прашањето дали доколку се донесе одлука Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност ќе се бара одговорност, Заев вели дека целта не е да се отвораат судски постапки, туку да се извлечат поуки.

Извор 360

 

 

 

 

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во срцето на градот Охрид, веднаш до градскиот пазар се отвори новиот Кафе бар Инфинити.

Во срцето на градот Охрид веднаш до градскиот пазар се отвори новиот кафе бар Инфинити. Кафе Бар Инфинити е повеќе само место за пиење кафе-...

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога-

Уапсен е Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога. Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на...

Во Битола 72-годишен дедо влегол во “банка” со хебла и пиштол.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво...

Македонските ракометари загубија од Холандија, судењето во најмала рака скандалозно

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со 37:32 од репрезентацијата на Холандија. Она што остави најголем впечаток е скандалозното судење на данската двојка судии Хансен и...