18.9 C
Ohrid
сабота, септември 18, 2021
Почетна Македонија Охриѓанките Душица и Маја го прават најубавиот мармалад од портокал.

Охриѓанките Душица и Маја го прават најубавиот мармалад од портокал.

Translate (Eng):[gtranslate]

Душица Мато и Маја Чубриќ две прекрасни девојки вљубени во природата, кои успеаја најубавите вкусови од природата да ги спакуваат во волшебни теглички, кои се повеќе привлекуваат внимание на сладокусците.

Разговараше: Верица Јорданова  Иновативност.Мк

РЕКЛАМА

Маја и Душица се две прекрасни охриѓанки кои ги запознав мината есен на обука за дигитален маркетинг. Вљубенички во планината, природата, пешачењето и во Охрид, Маја и Душица неуморно го развиваат Трекк Ме, компанија која нуди пешачки тури по Охрид и Галичица. Прекрасниот концепт и безгрижните прошетки со туристите за жал беа сериозно редуцирани од корона карантинот и севкупната атмосфера настаната од глобалната пандемија. Но, не бадијала е изреката дека „од секое зло се раѓа и некое добро“, па за време на еден карантински викенд дружбата на двете пријателки во прекрасниот двор на Маја, со поглед на Охридското Езеро, завршила со нова креативна идеја од која денес тие планираат да развијат сериозен бизнис! Тогаш всушност се „роди“ македонскиот мармалад од портокал, кој денес е вистински хит!

 

 

 

Како започна се?

„Си седиме во нашиот двор над Антички Театар во Охрид, за време на еден карантин, кога Душица се сети на стариот рецепт за мармалад од портокал кој научила да го прави во Италија. Го направивме мармаладот со вишокот портокали кои ги имавме дома, наполнивме неколку теглички кои ги спакував по мој вкус и сосема спонтано ги објавивме на Инстаграм профилот на Трекк Ме. Неверојатен за нас беше фактот дека во истиот момент добивме нарачки и практично првото производство од две-три теглички веднаш се продаде. Ова за нас беше сигнал дека производство на мармалад од портокал може да биде добра бизнис идеја“, се присетува Маја.

 

Интересно е дека кога ги прашале пријателите за идејата – производство на мармалaдчиња, добиле одговор: „не, ова нема шанси да се продава кај нас. Тоа не се локални производи и затоа тргајте ги од ум“. Среќа што Маја и Душица се непоправливи оптимисти и вредни претприемачки, па продолжиле со тестирањето на новиот бизнис концепт.

Прекрасните теглички мармалад содржат до 93% портокал и само 5-6% шеќер, зависно од тоа колку е благ портокалот, и малите занаетчиски тајни на мајсторите!
За време на карантинот, фантастичните теглички полни со волшепство од вкусови ги доставувале непосредно пред почеток на полицискиот час, само да се задоволат потребите на купувачите. Со тек на време добар дел од клиентите повторно и повторно нарачуваат, а оттогаш наваму Душица и Маја немаат ден во којшто не прават нови и нови теглички од мармаладот кој дефинитивно го освојува вкусот на пребирливите потрошувачи и оние кои сакаат здрава и природна храна, без адитиви и додатоци.

Маја и Душица најавуваат и нови цитрусни вкусови во тегличките на Трекк Ме, но и нешто многу уникатно на Tavola Bianka, белата маса на прекрасната тераса над Антички. Но, да не откриваме баш се!

Информации и нарачки на овој линк. Извор:Иновативност.Мк

- Реклами -