24.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСи ги зел сопругата и децата – Официјалната посета на Америка Ковачевски...

Си ги зел сопругата и децата – Официјалната посета на Америка Ковачевски си ја претвори во семејно патување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Работа и задоволство. Премиерот на американска турнеја во придружба на семејството. Димитар Ковачевски заедно со сопругата Елена Ковачевска и малолетните ќерка и син најпрвин беше неколку дена во Њујорк, а потоа и во Вашингтон.

<

Од Владата цел ден не одговараат на прашањата на Алфа во кое својство е заминато и семејството на премиерот, кој платил за авионските билети, за хотелското сметување, дали е ангажирано и дополнително обезбедување, колку чини сето тоа.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, цело утро го одолговлекуваше одговорот, а потоа и престана да крева на телефон.

Од Илинденска не кажуваат ниту колку члена брои целата делегација, но Алфа неофицијално дознава дека се заминати речиси 30 луѓе.

Инаку на официјалните страници на социјалните мрежи се објавени повеќе фотографии и видеа од средби на премиерот каде е придружуван од неговата сопруга, но никаде не се споменува дека во Соединтите Држави си ги понел и децата.

Досега, Македонија не памети функционер кој во официјална работна посета со себе го понел цело семејство, а ниту еден странски владин претставник не ни дошол во официјална посета носејќи ги со себе сопругата и децата коментираат за Алфа пиар лица кои со години работат протокол во државни институции.

Премиерот во САД замина на 2 мај, а денеска заедно со цела делегација треба да слета на аеродромот во Скопје.

Ова не е прв пат Димитар Ковачевски да си го зема и семејството на официјални патувања. Лани во мај замина во Рим на аудиенција кај папата Франциск придружуван од неговата ќерка.

Овој скандал предизвика лавина реакции, јавноста гласно велеше дека Ковачевски не се кралско семејство и дека ќерката на премиерот не е принцеза за да има протколарна улога како што несмасно Димитар Ковачевски се обидуваше да се оправда тогаш.

Паула Костадиноска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр го откри сторителот кој со јаже го имаше врзано сопственото дете !!

Кривична пријава за насилство врз дете против маж од струмичко, насилно се однесувал кон 11-годишната ќерка Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица...

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...