4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаУгостителите бараат да се укине одлуката за редари во објектите

Угостителите бараат да се укине одлуката за редари во објектите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Независната угостителска комора веднаш по објавувањето на одлуката од страна на Владата излезе со ставот дека истата е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема.

<

„Со цел да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи на сите јавни објекти – угостителски објекти да бидат достапни подеднакво на сите граѓани, домашни и странски гости Комората достави барање до Владата за веднаш укинување на одлуката за задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти“, соопштија од Комората на угостители.

Во барањата до Владата потенцираат дека угостителските објекти се јавни достапни подеднакво на сите граѓани, домашни и странски гости и поголемиот дел од истите немаат услови да вршат деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости.

„Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност или овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување  потврда за извршена имунизација, медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар нема право никој друг да врши проверка или прибирање на оваа информација ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба“, потсетуваат од Комората на угостители.

Со оваа одлука, додаваат од таму, неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани.

Тие бараат Владата веднаш да закаже седница со единствена точка на дневен ред со која ќе се укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани во угостителски објекти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...