5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОткажан големиот концерт на отворено, Рамковниот ќе се слави на затворено со...

Откажан големиот концерт на отворено, Рамковниот ќе се слави на затворено со 200 гости

Централната прослава на Охридскиот договор ќе се одвива според планираното. Владата нема да отстапи од масовната манифестација планирана два дена пред стапувањето на сила на новите антиковид мерки. Околу 200 гости во затворен простор ќе го одбележат јубилејот, а организаторот – Министерството за политички систем, уверува дека ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи.

За првиот човек на Министерството, реакциите се неразбирливи.

“Централниот настан во Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои што ќе носат маски, ќе бидат повеќе од 1.5 метар разделечени, ќе им се мери температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи, се надевам дека не се донесува на Охридскиот рамковен договор”

Вртоглавиот раст на новозаразени сепак го натера организаторот на отстапки во дел од програмата.

“Предвиден беше огромен концерт на плоштадот Македонија на 13.08, но како Министерство решивме да го откажеме”

Ја почитуваме науката и здравствените власти – сличен став како и на првиот вицепремиер доаѓа и од министерот Османи.

“Ако здравствените власти сметаат дека до одреден период може да се правата собири, ние ќе ги почитуваме тековните протоколи, а ќе ги почитуваме и одлуките на здравствената комисија”

Иако владата ги усвои новите мерки за заштита од Ковид уште на 7-ми, тие официјално ќе стапат на сила на 16-ти август. Во јавноста се шпекулира дека тој датум е избран само за да се биде одржана прославата.

Од Министерството за здравство побаравме, но не добивме одговор зошто се потребни 10 дена за да почне да се применува владината одлука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...