13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството Мицевски остана на улица со 3 малолетни дечиња- Се им изгоре...

Семејството Мицевски остана на улица со 3 малолетни дечиња- Се им изгоре во пожарот

Семејството Мицевски од Прилеп – Слободан, сопругата Цене и нивните три дечиња Елеонора ,Матеа и бебето  Лука останаа без покрив одкако во пожар изгоре нивниот дом заедно  со сета покуќнина.

Во силен пожар во населбата Варош во Прилеп пред недела дена изгореа 4 социјални бараки и оставија 11 луѓе без покрив над главата .

Пожарот ја зафатил една од бараките но набргу се проширил низ другите бараки

– Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, да викнав во лепенката, бараката до нас, децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, скршија, го извлекоја неподвижниот сосед, и татко ми беше извлечен, и гаснеа. Сето што беше до нив, направија, ама ние изгоревме, со вознемиреност раскажува Ангела Китаноска.,

Елеонора има дванаесет години , Матеа 2 годинки а бебето Лука има само седум месеци . Нив хитно им е потребна финансиска помош за облека,  храна средства за хигиена . Потребна им е помош да ја пребродат суровата зима а набргу ќе почне и учебната година па на Елеонора ќе и биде потребен и училишен прибор.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...