17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСтатистиките покажуваат дека невработеноста расте, Заев се фали дека ја намалил

Статистиките покажуваат дека невработеноста расте, Заев се фали дека ја намалил

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Живот во пандемија, живот во економска криза, младите заминуваат во другите земји барајќи подобра иднина, голем дел од нив се откажале од своите амбиции кои некогаш ги имале и сакале да ги постигнат во Македонија. Статистиките покажуваат дека невработеноста расте, ама за премиерот Заев реалноста изгледа е поинаква. Тој се пофали дека ја намалил стапката на невработеност кај младите. По повод Меѓународниот ден на младите, на својот фејсбук профил напиша дека стапката на младинска невработеност во земјава од 41,9% во 2016 е намалена на 29,6 % во 2020

<

– Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на младите, под темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“, со цел да се потенцира дека без учество на младите, не може да се постигне глобален успех во таа насока.

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.

За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома.

Исклучително е важно, да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, а тоа се намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава.

Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020.

Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi).

Младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19.

Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата.

Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани. – напиша премиерот Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...