23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОд ковид-19 почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево

Од ковид-19 почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пандемијата од ковид-19 зеде уште еден живот на медицинско лице, пренесува „Плусинфо“.

<

Станува збор за 28-годишна медицинска сестра од општата болница во Кичево која поради компликации од коронавирусот во текот на вчерашниот ден ја загубила битката.

Директорот на општата болницата во Кичево, д-р Станко Трпески за Плусинфо ја потврди информацијата и ја објасни ситуацијата околу починатата 28 годишна медицинска сестра, која не била вакцинирана, поради други здравствени причини.

Во текот на минатата недела нашата колешка беше примена во болницата во инфективното одделение кај нас при што и беше укажана соодветна грижа. Таа се лекуваше во болнички услови од четвртокот до неделата, но поради влошената здравствена состојба беше транспортирана на Инфективната клиника во Скопје – изјави директорот на кичевската болница.

Д-р Трпески вели дека по пристигнувањето во Скопје, состојбата на сестрата значително се подобрила, но за жал во текот на вчерашниот ден изненадувачки дошло до влошување на состојбата, по што во попладневните часови ја добиле лошата вест, дека младата медицинска сестра не успеала да се избори со коронавирусот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...