16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаДвижење за федерализација ИЛИРИДА - На Албанците им приврши трпението и бараат...

Движење за федерализација ИЛИРИДА – На Албанците им приврши трпението и бараат федерализација на Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Потребно е да има автономно владеење на Албанците. Албанските политички партии не успеаја да ги исполнат барањата на Албанците, кои бараат трансформирање на постојното Собрание на Македонија во дводомен Парламент.“ – изјави д-р Зеќир Кадриу од раководството на Движењето „Илирида“, по одржувањето на трибината во Гостивар.

<

Оваа информација под наслов „Движењето ‘Илирида’ со трибина во Гостивар: ‘Федерализацијата – решение за Македонија“, ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Со трибината во Гостивар организирана на тема ‘Унитаризмот и федерализацијата на Македонија’ движењето ‘Илирида’ ги прогласи идеите за федерализација на Македонија пред граѓаните и печалбарите од Гостивар. На трибината учествуваа професори од Македонија, Косово и Албанија.“

Агенцијата го цитира Зеќир Кадриу, кој е професор по албанологија на Факултетот за јазици, култури и комуникација на Штуловиот универзитет во Тетово: „Професорот Кадриу рече дека е крајно време е да се направат напори за промена на статусот на Албанција во с.Македонија и да постои автономно владеење на Албанците. Според Кадриу, албанските политички партии во обидите да бидат поблиски до власта не успеаја да ги исполнат барањата на Албанците, поради што на Албанците им привршило трпението и тие бараат други демократски алтернативи, други светски пракси, како што е дводомен парламент.“

„Освен во Тетово и Гостивар, раководителите на Движењето ‘Илирида’ планираат да организираат слични трибини и во други албански градови во Македонија.“ – пишува на крајот од својата информација ИНА.

Инаку, пред неколку месеци Движењето „Илирида“ најави дека ќе се преобрази во нова политичка партија под истото име, која ќе се поднесе барање да се основа втора република во федерализирана Македонија со име „Илирида“, што претставува барање на Албанците уште од 1992 година за формирање политичко – територијална автономија на овој етникум, кои и гласаа за тоа на нивен референдум таа година.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...