17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Груби се јавувал во Обвинителство да спречи отворање на истрага за...

ВМРО-ДПМНЕ: Груби се јавувал во Обвинителство да спречи отворање на истрага за криминалот поврзан со него

После низата скандали кои беа обелоденети за Артан Груби, очигледна станува нервозата кај него. Загриженоста на Груби отишла до таму што се јавувал во Јавното обвинителство да спречат отворање на истрага за криминалот поврзан со него, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но Груби има толку многу скандали зад себе што може крими серија во неколку продолженија да се направи. Ако Јавното обвинителство решиле да ги пикаат сите случаи за него во фиока, ќе им треба голем фиокар.

Артан Груби пред институциите ќе треба да одговара за луксузниот локал во сопственост на неговиот брат кој го купиле за половина милион евра. Дури и да е точна верзијата на Груби дека локалот чини само 100 илјади евра, тогаш повторно треба да одговори како може на атрактивна локација неговото семејство да купи деловен простор за 700 евра по квадрат, а реалната цена да е над 2000 евра по метар квадратен.

Артан Груби треба да им објасни на институциите како шалтерскиот работник во нивната семејна туристичка агенција отворил компанија за баждарење и за истата добил акредитација од директорката на Бирото за метрологија, која е кадар на ДУИ.

Груби треба да им објасни на институциите како истата негова омилена директорка се стекнала со луксузна хациенда на Попова Шапка и истата не ја пријавила во анкетен лист. Патем таа директорка набавила и комбе за 600 илјади евра, односно за три години спровела три сомнителни јавни набавки тешки 2 милиона евра, веројатно затоа што се чувствува заштитена од некој силно позициониран сопартиец.

Груби треба да им објасни на институциите дали тој создал октопод околу себе кој се богати, додека народот осиромашува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...