27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани во ОН: Итно повлекување на руските воени сили од територијата на...

Османи во ОН: Итно повлекување на руските воени сили од територијата на Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

<

Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Претседавачот Османи, како што информираат од МНР, исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН беше усвоена Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина. Во тој контекст, пред Советот за безбедност Османи истакна дека Северна Македонија ја поддржува оваа резолуција и е меѓу нејзините главни ко-спонзори. За зачувување на мирот и безбедноста, рече тој, потребна е максимална акција за придржување кон меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Османи, како што информираат, во своето обраќање уште еднаш се осврна на нашата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Ја обвини Русија за постојаните напади во урбаните области, оставајќи ги цивилите и градовите без пристап до основни човечки потреби.

-Досегашните истраги во повеќето нападнати градови во Украина водат до заклучок дека се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото, рече Османи, споменувајќи и извршена сексуална злоупотреба и насилство врз жени и девојчиња, што е сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

Сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата, потенцираше Османи. Тој нагласи дека како Претседавач со ОБСЕ сака да стави акцент на Московскиот механизам на ОБСЕ како важен извор, со цел да се утврдат фактите за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото. Ова е, рече Османи, со цел извршените злосторства да се презентираат пред релевантните механизми за одговорност, како и пред меѓународните судови или трибунали.

ТВ21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...