30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Лицата од Авганистан ќе бидат сместени во хотели или мотели

Оливер Спасовски: Лицата од Авганистан ќе бидат сместени во хотели или мотели

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оваа операција на Владата, или на НАТО алијансата, е хумано прифаќање на дел од граѓаните коишто практично треба да бидат одреден временски период овде, на територијата на нашата држава, и да заминат понатаму во САД или во трети земји, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето вечерашно гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

<

– Станува збор за државјани на Авганистан, коишто работеле во мисијата на Обединетите нации, во мисијата на САД, Националниот демократски институт или во Невладини организации коишто се занимаваат со човекови права и членови на нивни семејства. Овде не станува збор за мигранти коишто го напуштаат Авганистан и доаѓаат тука, посочи Спасовски.

Како што вели тој, Владата презела обврска да смести околу 450 лица.

– Тие нема да бидат сместувани во никакви кампови, во никакви Прифатни центри, ниту во Табановце, ниту во Гевгелија, ниту ќе бидат во Центар за странци. Едноставно, тие ќе бидат сместени во хотели и во мотели и нивниот престој ќе го плати организацијата којашто ги носи, односно за којашто работеле. Државата ќе обезбеди целосна општествена поддршка, а тоа значи лекарски прегледи и сѐ друго што е потребно, објаснува Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...