13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНе почина девојка од 19, туку жена од 61 година, грешка е...

Не почина девојка од 19, туку жена од 61 година, грешка е во матичниот број, рече д-р Гзим Нуредини раководител на Ковид центарот во Тетово

Седум починати во изминатите 24 часа бележи Ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка. Оваа информација утрово ја потресе јавноста за млад изгубен живот. Сакајќи да се информираме зошто згаснал толку млад живот, дали девојката имала коморбидитети, дали била вакцинирана или не, ММС се јави во Ковид центарот во Тетово, од каде ни рекоа дека меѓу починатите, сепак, немаат 19 годишна девојка.

-Поради погрешно пренесен матичниот број на еден од пациентите кои починаа како последица од Ковид 19 во јавноста излезе информација дека од вирусот животот го загуби 19 годишна девојка од Тетово, ни рекоа од Клиничката болница, кои ја демантираа оваа информација попладнево.

-Се работи за пропуст при пренесување на информациите. Не се се работи за 19 годишно девојче, тука за жена од 61 година, која имала коморбидитети како и останатите пациенти. Се работи за ненамерна грешка при пренесување на матичниот број на пациентот кој што почина. Пак ќе повторам, нема 19 туку 61 година. Денес имаме седум починати пациенти, родени 1956 година, 1976 година,1948 година, 1960 година, 1964 година, 1945 година и една жена шта починала била на возраст од 61 година, која е помешана како да е 19 години. Таа како и сите останати пациенти има коморбидитети, особено со срцеви болести, прекумерна телесна тежина и дијабетес. Имала операција на срце и претходно некои други интервенции, рече д-р Гзим Нуредини раководител на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово за ММС.

Доктор Нуредини вели дека ниту еден од починатите нема примено вакцина, а ретко кој од хоспитализираните се имунизирани, податок кој доволно говори дека вакцинацијата е спас од оваа заразна и опасна болест.
Извор: ММС

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...