12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот Олимпиец Дејан му покажа на претседателот Пендаровски што знае...

Македонскиот Олимпиец Дејан му покажа на претседателот Пендаровски што знае…

spot_imgspot_img

Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски демонстрираше дел од својот репертоар во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, што претставува историски најголем успех на македонски спортист постигнат на Олимписки игри од независноста на нашата држава.

Пендаровски честитајќи му го извонредното постигнување и освоениот медал на Дејан Георгиевски, истакна дека неговиот успех донесе огромна слава и радост за цела држава и претставуваше чин којшто ги сплоти сите граѓани.

„Ви благодарам во името на сите граѓани што не направивте горди и што потврдивте дека со голем напор и залагање, професионалност и посветеност нема недостижни цели. Дадовте пример за сите македонски спортисти дека можат да се освојуваат светските спортски тронови, пример кој се надевам ќе го следат младите“, рече претседателот на средбата.

Тој изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси, како на Дејан Георгиевски, така и на овој спорт во нашата држава и даде уверување дека секогаш македонските спортисти ќе ја имаат неговата поддршка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...