29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонија(Видео) Антиваксерите се степаа помеѓу себе- Tреба да ми ја бациш раката...

(Видео) Антиваксерите се степаа помеѓу себе- Tреба да ми ја бациш раката што сум ваков херој !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа на бината, на протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред Владата.

<

Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќи и „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.

Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.

Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започна својот говор, демонстрантите не престанаа да и дофрлаат „е*и си мајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.

Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.

„Ќе им порачам на овие позади и сите тие во Собрание, 120 човека наспроти два милиона, играте мајтап со народот, ковид вирус. Како што гледам во државава и нигде во светот не најдовме ковид вирус, само во медиумите го има. Медиуми, ако не го пренесете во целост мојот говор, нашето будење ќе се зголеми“, рече говорникот.

Според него, државното раководство зема мито за да ги лаже граѓаните дека постои коронавирусот, а всушност не постоел никаде во светот.

На протестот говор одржаа уште двајца демонстранти, кои зборуваа за разединетоста на народот и светски заговори за кои докази биле одредени документарни филмови на социјалните мрежи..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...